in

Весела математика со Ekler.mk

Доколку сте љубител на математиката и сакате да го „размрдате“ мозокот, ви задаваме седум задачи. Можете да ги решите сами или да го предизвикате вашето друштво. Пишете ни во коментар колку од нив успеавте да решите.

1. Кога мајката го родила синот имала 23 години, а кога се родила ќерката имала 28 години. Колку години денес имаат мајката, синот и ќерката ако збирот на нивните години е 54?

2. Ученик ги испишува по ред природните броеви од 1 до 1000. Која цифра стои на 1992 -то место?

3. Дарко и Марко заминале на излет и со себе земале 250 денари. Дарко потрошил три петини од парите, а Марко девет десетини од остатокот. Колку пари им останале?

4. Ако Бисера купи 20 kg компири, ќе и останат 60 денари од сумата што ја понела на пазар, а ако купи 25 kg ќе и недостасуваат 40 денари. Колку денари Бисера понела на пазар?

5. Збирот на два броја е 450. Ако првиот се зголеми четирипати, а вториот се зголеми двапати, ќе се добие збир 1148. Кои се тие броеви?

6. На прашањето колку години има Стојан тој одговорил: “Ако од бројот намоите години го одземете 5, добиениот број го поделите со 5, па од тојрезултат повторно одземете 5, ќе добиете 5”. Колку години има Стојан?

7. На една полица има три книги. Првата има 90, втората 110, а третата 150 страници. Кориците на книгите се со еднаква дебелина и секоја од нив е дебела 2 mm. Колку милиметри се дебели книгите заедно ако се знае дека 10 страници имаат дебелина 1mm?

Што мислите?

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

15 факти за Македонија

Дали сте знаеле дека…