На барање на принцовите Вилијам и Хари, градината на палатата Кенсингтон доби ново украсување, статуа од нивнатата мајка, принцезата Дајана.
Инаку денес на 1 јули Лејди Ди би го прославила нејзиниот 60ти роденден. Затоа во Велика Британија се одржа церемонија и откивање на статуата во чест на починатата принцеза.
Заради острите мерки против пандемијата, церемонијата беше затворена за јавноста, иако имаше голем интерес, не само поради големата популарност што ја ужива Лејди Ди меѓу народот, и покрај тоа што ја нема веќе 24 години , но и поради повторната средба на скараните принцови.
Како што објави утрово таблоидот „Сан“, поранешниот сопруг на Дајана, принцот Чарлс, отпатувал за Шкотска и нема да присуствува на откривањето на споменикот. Кејт Мидлтон исто така нема да присуствува, а според неофицијалното објаснување, таквата одлука е донесена затоа што Меган Маркл, сопругата на Хари, не можела да дојде во Лондон. Сепак, имајќи предвид дека поранешната резиденција на Дајана денес е дом на принцот Вилијам и неговото семејство, Кејт веќе имаше можност да ја види статуата. Обожавателите на несреќната принцеза со денови оставаа цвеќе, фотографии и пораки пред влезната порта. Во наредниот период тие ќе можат да ја посетат познатата „градина Санкен“, бидејќи тој дел од комплексот е отворен за посети. „Потонатата градина“ беше едно од омилените места на Лејди Ди, па неодамна беше украсено со нејзините омилени цвеќиња. Тој беше редизајниран по повод свеченото откривање на споменикот, па стана побогат за уште четири илјади бели цвеќиња.