Во денешното динамично опкружување на пазарот на труд постојано се објавуваат огласи за работа, но само дел од нив навистина се издвојуваат. Па така, агенцијата „Бостон“ имаше објавено оглас за работна позиција „Директор на операции“, но и покрај тоа што огласот бил прегледан од повеќе од милиони луѓе, сепак се пријавиле само 24 лица. Тука веднаш се поставува прашањето, зошто толку малку луѓе покажале интерес за оваа работната позиција? На што се должи тоа? Можеби е поради специфичните барања и критериуми кои мора да ги поседува вистинската личност- апликант за тоа работното место.
Прочитајте дел од листата на критериуми:
* Мора да биде способен да работи повеќе од 135 часа неделно;
* Способност да работи преку ноќ;
* Подготвеност да се откаже од паузите;
* Да работи претежно во стоечка позиција;
* Мора да биде спремен да подигне до 35kg редовно;
* Да има развиено вештини за управување со кризи;
* Способност да управува со минимум 10 -15 проекти истовремено;
* Способност за координирање на повеќе, често конфликтни, распореди;
* Способност за работа со соработници со минимално или воопшто никакво знаење;
* Покажано знаење и искуство во преговарање, советување и кулинарство;
* Разбирање во финансии;
* Разбирање од медицина;
* Позитивно расположение во секое време;
* За оваа позиција нема плата;
Што мислите, кој би бил соодветниот кандидат за ваква позиција? Погледнете дел од интервјуата и реакциите на апликантите. Верувајте ни, вреди да се изгледа до крај. Пишете ни во коментар дали вие би аплицирале за оваа работна позиција? ?