in

Италија е новиот победник на Евровизија!

Вчеравечер во Ротердам се одржа 65-тото издание на Евровизија, каде победата и припадна на Италија.

На финалната вечер учествуваа 26 земји, а првото место го освои Италија, односно рок групата Måneskin со песната „Zitti e buoni”. Бендот го сочинуваат главниот вокал Дамјано Давид, гитаристот Томас Раџи, басистката Викторија Де Анџелис и тапанарот Етан Торкио. За Италија ова е вкупно трета победа на Евровизија, а прва по 1990 година и Тото Кутињо во Загреб со песната „Insieme: 1992“. 

Веднаш зад Италија на второто место се пласираше Франција, првата тројка ја заокружи Швајцарија.

Жешките „Hurricane“, кои важеа за големи фаворити од Балканот се најдоа дури на 15-тото место.

Потсетуваме, македонскиот претставник Васил Гарванлиев настапуваше во првата полуфинланата вечер, но не се пласираше во финалето.

Во прилог ви оставаме да уживате со победничката песна.

Што мислите?

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Погледнете колку ќе изнесува хонорарот на пејачите за ова лето

Евросонг 2021: Дали и што шмркаат Италијанците од масата?