in

Како изгледаше Цеца на роденденот на малиот Жељко?

За стајлингот на фолк дивата Светлана Цеца Ражнатовиќ на социјалните медиуми беа напишани илјадници коментари. Посебно интересно за коментар беше и цената на корсетот кој бил шиен специјално за неа. За прославата на првиот роденден на нејзиното внуче Жељко, Ражнатовиќ блескаше во скапа и гламурозна комбинација на облека, додека пак малиот Жељко го носеше белиот смокинг на неговиот татко Вељко. За оваа специјална прослава Цеца се одлучи за корсет и панталони со светло розеви нијанси. Она што привлече посебно внимание беше тесниот корсет на Цеца, кој ги истакнуваше нејзините гради, а целиот корсет беше направен од циркони и бисери. Бидејќи оваа комбинација на облека на пејачката предизвика големо внимание во јавноста излезе информација колку Цеца платила за ова парче облека. Имено корсетот е дизајниран од познат српски дизајнер, а цената изнесува околу 850 евра, што е нешто помалку од две просечни плати во Србија. 

Што мислите?

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Треба храброст за ова.Погледнете го настапот на Марија Груевска!

Предлог филмови за месец јуни