in

Лекции што ги научивме од F•R•I•E•N•D•S

Дури и по сите овие години (иако е навистина тешко да се поверува дека оваа серија првпат се емитуваше во 1994 година, а заврши во 2004 година), сепак, сите ние сè уште се поистоветуваме со оваа феноменална група на момци и девојки, а лекциите што ни ги пренесоа ни останаа во срце. И покрај тоа што беa смешни и забавни, во текот на своето прикажување, серијата споделуваше огромни лекции за животот, мудроста, љубовта, врските, со целата своја публика, додека ние истовремено се обидувавме да сфатиме што работи Chandler, уживавме во нивните секојдневни собирања во Central Perk и секако, ја следевме историската љубовна врска – драма помеѓу Ross и Rachel.

Издвојуваме дел од непроценливите работи што ги научивме од Ross, Rachel, Monica, Chandler, Phoebe и Joey:

Добрите пријатели секогаш ќе бидат тука за нас

– На оваа тема се пее и во песната (I’ll be there for you), а тоа го докажуваат многу пати и во текот на серијата самите глумци, но можеби најдобриот доказ е даден во првата пилот епизода, кога Monica, која не ја видела Rachel со години, ја поканува да остане да живее со неа во станот откако Rachel го остава свршеникот пред олтарот (тоа е вистински пријател).


Тешките времиња на крај се претвораат во смешни приказни

– На пример, разводите на Ross, кои станаа задолжителна тема за зезање, иако на Ross не му беа смешни во тоа време. Но, така функционираат работите и во вистинскиот живот – на крај се се сведува на смешни и незаборавни приказни.

Не плашете се од промени

– Ако Rachel можеше да го остави својот свршеник и да се вработи за првпат во животот откако долго време беше разгалувана од родителите, тогаш можеме и ние да сториме сè! Вреди исто така да се споменат Chandler и Monica кога одлучија дека е време да започнат ново поглавје и се иселија од станот.

Прашајте и добијте го она што го сакате

– Како моментот кога Monica реши да го запроси Chandler.

Не планирајте премногу

– Некои од најдобрите делови од серијата беа работите што никој не ни помисли дека ќе се случат. Како на пример моментот кога Ross на својата венчавка го изговори името на Rachel наместо на Emily. Тука е и врската на Chandler и Monica, како и бременоста на Rachel. Листата на непланирани работи продолжува, и иако ликовите веројатно не очекуваа ништо од ова, сепак на крајот се излезе супер.

Нека ве води срцето

… не само со врските, туку и во кариерата исто така. Joey никогаш не се откажа од својот сон да стане актер, а Phoebe често пееше иако немаше талент за пеење.

Не грижете се премногу за тоа што мислат луѓето

– Phoebe секогаш споделуваше чудни приказни со друштвото (дури во еден момент мислеше дека нејзината мајка се реинкарнирала како мачка), и не можеме да ја заборавиме сцената кога пееше заедно со гајдата. Без оглед на сè, таа дозволи нејзината уникатност да биде застапена низ целата серија, и тоа е храброста што сите ние сакаме да ја имаме.

Прифатете ги луѓето какви што се

– Monica обожава да чисти. Chandler е саркастичен. Phoebe е духовна. Најдоброто нешто во Friends е и покрај тоа што сите беа толку различни, сепак се прифаќаа и сакаа такви какви што се.

Не ги форсирајте работите кои не се вистински

– Како Janice и Chandler, Ross и Emily. Оваа лекција ја учевме повеќе пати – особено кога Rachel и Joey беа заедно. Дури и продуцентите знаеа дека оваа врска е чудна. Затоа ако нешто не чувствувате дека е како што треба или продолжува да ве разочарува, можеби е време да се тргнете настрана.

Минатото не нè дефинира нас

– Ross бил „бубалица“ во средно училиште, додека Monica имала проблеми со својата тежина. (Да не започнуваме со трагичното минато на Phoebe или траумите од детство на Chandler). И покрај своето минато сите успеаа да ги постигнат своите верзии на успех.

Пишете ни ја вашата омилена лекција од F•R•I•E•N•D•S.

Што мислите?

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Предлог филмови за месец Август

[Колумна]-Носталгија за едно поинакво детство