Летото и модата не секогаш одат рака под рака со машките. Да се изгледа добро е полесно кога температурите опаѓаат. Тогаш доаѓа до израз внатрешниот дух, a шансите да се изгледа добро се поголеми. Но, во лето…тоа е друга приказна.
Основни работи за машки летен стил
#Шорцеви
Preppy стилот доживеа висока модна ренесанса во изминативе години, што значи дека chino шорцевите направија огромна пресвртница. Пастелните бои се во тренд, но ако сакате да се оддалечите од тој шаблон, променете ги боите. Khaki е неутрална опција, но не мора секогаш да „играте безбедно“. Црните или тегет шорцеви, можат да додадат нов живот во вашиот гардеробер.
Пар атлетски шорцеви се лесен избор кога ситуацијата е casual. Лежерниот стил е камен темелник на модата овие денови, па затоа не чувствувајте дека овој вид шорцеви може да се носат само со маички.
Обидете се да ги вклучите шорцевите во вашата секојдневна облека. Правило кое се однесува за сите видови шорцеви е да избегнувате широки и долги модели. Не сакате да изгледате како да сте излегле од некоја слика од кошаркарски тим од 70-тите години, затоа изборот нека биде модел, чија должина е веднаш над коленото.
Третата опција е малку поконтроверзна: тексас шорцеви.Не паѓајте во стапицата на John Cena. Ако мора да носите тексас шорцеви, направете избор кој добро ќе го вклопите на вас. За должината, не претерувајте во ниедна насока, и што е најважно, немојте да мислите дека одат со секоја облека.
#Маици
Летните маици и кошули можат да бидат опасна игра. Времето е топло, па затоа бирајте светли бои. Инвестирајте во неколку добри маици, наместо повеќе од Fruit of the Loom. Бирајте едноставни дезени. Не Ed Hardy. И без маици со ужасни шеги. Ако ситуацијата налага нешто пософистицирано, имате три опции: поло маица, кошула со копчиња со долги ракави и кошула со копчиња со кратки ракави. Што се однесува до поло маиците, тие добро одговараат со chino шорцеви, и веќе го имате preppy, стилот што не е воопшто лоша работа. Ако тој стил е погоден за вас, комбинирајте го со неутрални бои, добро скроени парчиња, и пар фармерки.
Кога станува збор за кошулите со ракави на завратување имајте ја на ум топлината. Секогаш бирајте лесен материјал, како на пример ленот. Можете да имате во различни бои па дури и дезени.
За кошулите со кратки ракави, важат истите правила. Придржувајте се кон светли бои. Различните дезени на овие кошули се доста популарни, па не плашете се да бидете креативни. Но дефинитивно модели што треба да се избегнуваат се кошули за куглање и хавајските кошули. Ако не сте Weekend Dad, не се ни облекувајте така. Но запомнете, „НЕ хавајски“ дефинитивно не значи „НЕ цветни“.
#Панталони
Да се дискутира за пантолони во статија за летна мода малце е смешно. Бидејќи со температури над 35 степени шорцевите се прифатливи (и се очекуваат) да се носат во речиси секоја ситуација. Но, сепак постојат денови кога изборот едноставно ќе биде пар добри фармерки.
Оставете ги темните панталони да „мируваат“до есен и испробајте некои посветли нијанси. Доколку не се пронаоѓате во ваков смел избор, сепак одете со црно. Иако изгледа монотоно, црните фармерки секогаш ќе изгледаат добро.Chinos се веќе друга приказна. Лесниот материјал е направен токму за топло време. Нема причина да бидете премногу смели со вашите бои, но не заглавувајте се во khaki варијанта. Маслина боја, сиво, сино и скоро се што не е флуросцентно, ви стои на располагање.
#Чевли
Постојат толку многу опции во однос на обувките. Летните чевли како Vans или еспадрилите може да одат со речиси се. Придржувајте се кон суптилни бои оваа сезона. Белата е секогаш соодветна, која може да биде во комбинација со други бои за поурбан изглед.
Ова не значи дека обувките треба да бидат „досадни“ – црната и белата се лесни бои кои функционираат, но модел со некоја впечатлива боја ќе биде дефинитивно модно освежување.
Кој е вашиот омилен „оутфит“ за ова лето?