in

Мини приказни кои ќе ви го разубават денот

#Оваа бабичка пред 13 години го изгубила вереничкиот прстен во својата бавча. Неодамна го пронашла околу морков.

#Кога ќе наполните 31 година, сте живееле точно милијарда секунди.

# Matthew Hogg е човекот кој е постојано пијан, бидејќи неговото тело произведува сопствен алкохол. Се работи за таканаречениот синдром ,,автоматска пивара”, и во овој случај вишокот на квасец од телото е заробен во тенкото црево. Квасецот произведува чист алкохол кој потоа директно се апсорбира во крвотокот. Секогаш кога Matthew ќе внесе шеќер или јаглени хидрати, неговиот организам ги претвора во етанол и тој завршува пијан.

#Кога љубовта е вистинска, за пари никој не размислува.

#Дечкото од рекламата за Киндер, некогаш и сега.

# Група студенти од технички факултет и нивниот професор добиле бесплатни авионски карти за одмор. Кога влегле во авионот, пилотот изјавил дека се наоѓаат во авионот којшто тие го дизајнирале. Сите се исплашиле и го напуштиле авионот, освен нивниот професор кој останал мирно да седи на своето место. Кога стјуардесата го прашала зошто не го напуштил авионот, тој одговорил: „Свесен сум за способностите на моите студенти. Ова чудо нема ни да запали, а не па да полета.“

#Крадци украле компјутер од една канцеларија, но брзо потоа го вратиле назад, бидејќи сфатиле дека извршиле кражба од непрофитна организација која им помага на жртвите од сексуално насилство. На компјутерот оставиле и порака: Немавме појма од каде крадеме.Еве го компјутерот назад. Се надеваме дека ќе продолжите да помагате и спасувате човечки животи. Господ да ве благослови!”

Што мислите?

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Учиме географија со Еклер.мк

Емотивна слика од Лондон. Нов споменик за принцезата Дајана