in

Предлог филмови за месец септември

Погледнете го нашиот предлог за филмови за месец септември

1. Escape Room: Tournament of Champions

Шест луѓе неочекувано се наоѓаат во уште една соба за бегство, полека откривајќи што имаат заедничко за да преживеат. Двајца од преживеаните од првиот дел им се придружуваат на останатите шест играчи и сфаќаат дека сите ја играле оваа игра претходно. Не го пропуштајте овој психолошки хорор во режија на Адам Робител и со Тејлор Расел во главните улоги. 

2. 

2. The Suicide Squad 2

Супер злобните Харли Квин, Блодспорт, Миротворецот и останатите фрикови кои се затвореници во Бел Реве затворот ќе учествуваат во супер тајна мисија. Нивниот тим наречен Таскфорс Икс ќе биде оставен на островот во Корто Малтезе каде ќе бидат опколени со бројни непријатели. Во режија на Џејмс Гун и со Идрис Елба, Џон Сена и Роби Марго во главните улоги.

3. Free guy

Шалтерски работник во банка дознава дека неговиот свет не е реален, туку тој е само дел од видео игра во која тој е карактер со кој не можете да играте. Неверојатен научно фантастичен филм со голема доза на комедија. Во режија на Шон Леви и со Рајан Рејнолдс во главната улога.

4. Infinite

Обичен човек случајно дознава дека халуцинациите кои ги има се всушност визии од неговиот претходен живот. Неговиот живот повеќе никогаш нема да биде ист. Во режија на Антоан Фукуа и со Марк Волберг во главната улога. Не го пропуштајте овој неверојатен акционен филм.

5. Sweet girl

Маж кој тагува поради смртта на неговата сопруга се колне дека ќе донесе правда за нејзината смрт. Тој почнува да ги гони луѓето кои се одговорни за нејзината смрт, а при тоа и се обидува да ја заштити својата ќерка. Во режија на Филип Ајснер и Грег Хурвиц и со Џејсон Момоа во главната улога. Одличен акционен трилер кој нема да зажалите ако го погледнете.

Што мислите?

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Judging Celebrities ? ? ?

Предлог филмови за октомври