in

Предлог филмови за месец јуни

Погледнете го нашиот предлог на филмови за овој месец.

1. CRUELLA 

Филмот Круела е базиран на ликот на Круела Де Вил од романот на Доди Смит “Сто и еден далматинец”. Дејството на филмот се случува во 1970-тите во Лондон за време на панк-рок револуцијата. Младата Естела игра креативна девојка решена да направи кариера како дизајнер. Во режија на Тони Мекнамара и со Ема Стоун во главната улога.

2. THE VAULT

Акционен трилер во кој станува збор за грабеж на непробојна банка. Банка која никој никогаш не успеал да ја ограби,а во банката се крие одамна изгубено мистеризоно богатство. Тимот има само 10 дена да се спреми и да го изврши грабежот. Во режија на Јауме Балагуеро и со Фреди Хајмор, Сем Рајли и Лиам Канингам во главните улоги.

3. THOSE WHO WISH ME DEAD

Филмот следи едно млади момче кое е сведок на убиството на својот татко. Бегајќи од платените убијци на својот татко низ планините на Монтана се среќава со експер за преживување, чија задача ќе биде да го спаси момчето по секоја цена од убијците, но и од пожарот кој се заканува дека ке ги проголта сите. Во режија на Тејлор Шеридан и со Анџелина Џоли и Николас Голт во главните улоги.

4. THE CONJURING: THE DEVIL MADE ME DO IT  

Американски хорор филм со застрашувачка приказна која влева страв. Приказна за паранормалното и човек кој тврди дека бил опседнат од ѓаволот. Во режија на Мајкл Чавес и со Вера Фармига и Патрик Вилсон во главните улоги.

5. A QUIET PLACE PART II

Филм во кој семејството Абот се обидува да преживее. Приморани се да се соочат со непознатото и со терорите на надворешниот свет. Притоа дознаваат дека суштествата што ги ловат по звук не се единствената закана. Во режија на Џон Кразински и со Емили Блант и Килиан Марфи во главните улоги.

Што мислите?

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Како изгледаше Цеца на роденденот на малиот Жељко?

15 факти за Македонија