in

Работи за кои паровите забораваат да разговараат пред брак

Недостатокот од компатибилност и комуникација се две од најчестите причини поради кои луѓето се разведуваат. Луѓето кои сакаат да склучат доживотен брак, дефинитивно треба да ги искажат своите очекувања и да ја споделат својата историја пред да го кажат судбоносното „ДА“. На тој начин, можат барем во најмала рака да бидат подготвени за соочување со било какви пречки како идни сопружници. Во прилог ви претставуваме дел од работите за кои би било убаво да разговарате со својот партнер и да видите дали се движите  на иста патека во животот пред да се венчате.

1. Како ќе ги комбинирате финансиите?

Oва прашање има многу важна улога во понатамошниот живот и е многу битно да знаете како ќе раководите и ќе ги организирате вашите финансии. Дали секој од партнерите ќе располага посебно – врз основа на своите месечни примања или пак парите ќе бидат во едно „купче“ и ќе се распределуваат за различни потреби во текот на месецот.

2. Дали имате некаков долг?

Споделувањето со партнерот за тоа дека имате долгови и колкави се тие може да ви помогне и на двајцата да планирате однапред како да се справите со нив во иднина. Никој не би уживал да дознае за долгот откако ќе се венча со својот брачен другар. Секој би се почувствувал предаден ако дознае за вистинската сума што ја должи нивниот партнер веднаш по свадбата. Плус, ова навистина може да влијае на довербата помеѓу нив. Затоа бидете секогаш искрени.

3. Дали планирате да имате деца?

Дефинитивно едно од прашањата кое заслужува огромно внимание. Иако додека сте сè уште во врска ви звучи смешно и непристојно да зборувате на оваа тема, сепак многу е корисно да знаете што сака вашиот партнер и дали делите исти или барем слични мислења. Дали сакате едно, две или три деца? Можеби не сакате воопшто да имате деца. Бидејќи не секој што сака да се ожени сака да има и деца. И, дури и ако двајцата сопружници сакаат деца, има и други работи вредни за дискусија, како што се стилови на родителство, што би правеле ако децата имаат попреченост или како би реагирале доколку пораснат и станат поразлични од она што сте го очекувале.

4. Што би правеле во случај да не можете да имате деца?

И покрај тоа што спаѓа во категоријата „шта би било кад би било“, сепак добро е да видите дали размислувањата ви се совпаѓаат. Бидејќи за некои луѓе, имањето деца е задолжително. Значи, ако поради некоја причина не би можеле да имате деца, треба да знаете и да размислите што би правеле понатаму. Дали ќе изберете да посвоите дете, дали ќе се обидете со опција сурогат мајка, дали ќе се обидете со инвитро или би се одлучиле за најлошата опција-развод и заминување.

5. Што сметате за „варање“?

Ние можеби и си мислиме дека постои универзално разбирање за тоа што се подразбира под изневерување, но овој термин сепак може да значи различни нешта за различни луѓе. На пример, едно лице може да мисли дека бакнувањето е „варање“, додека пак друго лице може да помисли дека само средбата со бившиот е неприфатлива. Има и луѓе кои мислат дека заљубувањето во некој друг е вид на изневерување. Затоа, двојката треба да зборува за тоа колку се удобни еден со друг со блискоста со другите луѓе за да избегне недоразбирање.

6. Која е вашата историја за здравјето и менталното здравје?

Да се биде биолошки компатибилен е од витално значење, особено ако обајцата очекувате да имате деца. Во најмала рака, треба да бидете искрени за физичката и менталната историја, вклучувајќи ја и онаа на вашите семејства. На тој начин, ќе можете ментално да се подготвите за она што може да дојде во иднина.

7. Каде сакате да живеете?

Иако ова може да изгледа толку очигледно,сепак луѓето можеби ќе се обидат да не зборуваат на оваа тема пред да се венчаат. Дали ќе живеат во центарот на градот, дали во предградието, дали ќе купат нов стан или куќа? Сето ова може да направи огромна разлика во животот што следува. Исто така, може да доведе до незадоволство ако еден од сопружниците сака да живее посебно и самостојно, додека другиот сонува да живее во заедно со својата фамилија во заедница. Големи расправии би можеле да настанат поради игнорирање на вакви прашања.

Што мислите?

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Стајлинг на храна…дали знаете што е тоа?????

Каков е вистинскиот живот на арапските жени?