Вкусниот хамбургер, сладоледот или освежителниот пијалок се наоѓаат на листата на најпосакувани производи веднаш откако ќе ги видиме на реклами. Но, потоа доаѓа разочарувањето кога ќе сфатиме дека вистинскиот производ не е она што ни беше прикажано. Тајната зад оваа „измама“ се нарекува стајлинг на храна и тоа е техника што ја користат фотографите за да ни го доловат вкусот и прикажат низ нашите очи. Постојат многу трикови и време поминато за да се прикажат најдобрите верзии на храната или пијалоците во рекламите, а ние ќе ви претставиме дел од нив.
*Плескавиците се полнети со сунѓери и чепкалки за заби
Љубителите на бургери многу добро знаат дека во рекламите бургерите изгледаат поголеми и повкусни, но реалноста е многу поинаква. За да изгледаат добро, една од техниките што се користи е топење на кашкавалот со нешто што му дава топлина, како на пример фен за коса. Исто така, ставаат сунѓери врз плескавиците за да им дадат поголема висина и користат чепкалки за заби за да ги држат состојките на место. Последниот допир е маслото, што создава илузија дека месото е сочно и свежо зготвено.
*Сладоледот всушност е пире од компири и регенератор за коса
Сладоледот може да биде една од најстресните намирници за фотографирање, бидејќи се распаѓа пред да го пронајдете совршениот кадар. Но, за да избегнете топење, професионалните фотографи најдоа начин како да работат со него додека времето поминува: сладоледот се заменува со пире од компири помешано со регенератор и боја, што го прави да изгледа реално. И најдобро од се е што не се топи.
*Тампон загреан во микробранова печка е она што го гледате како чад од топла храна
Широко користениот ресурс со чија помош би се добило чувство дека храната е свежа, односно извадена од рерна е всушност загреан тампон во микробранова печка. Тој се става веднаш зад храната, така што ќе се видат бранови чад. Пример за ова е она што го направил еден фотографот за храна кога требало да фотографира полнет компир, кој истовремено го навлажнувал со пареа за да му даде повеќе сјај.
*Палачинките се полнат со картон, а сирупот е моторно масло
За палачинки се потребни слатки и солени подготовки. Тајната за да изгледаат толку апетитивно на промотивните фотографии е да додадете картонски дискови помеѓу секоја од нив, така што „кулата“ ќе има поголема висина. Исто така, се истура моторно масло, бидејќи храната не го апсорбира како обичниот сируп, а истовремено изгледа сјајно и вкусно во текот на целата фотосесија.
*Освежителниот пијалок често има лажен мраз
Фотографирањето храна не е брза и лесна задача, бидејќи пронаоѓањето на совршената снимка и доловувањето на сите детали на најдобар начин бара многу часови работа и посветеност. Но, оброците природно немаат толку време – на пример, мразот во пијалоците се топи за неколку минути. Затоа, се препорачуваат „лажни“ коцки мраз за да се избегне овој проблем.
*Пилешкото станува златно кафеаво благодарение на детергентот
Вкусно печено пилешко е секогаш примамливо, а комерцијалните слики се грижат ние тоа да го забележиме. Еден стилист за храна ни покажа како да го извлечеме и прикажеме максимумот за пилешко. Прво, се суши суровата храна со салфетки, отстранувајќи ја секоја течност што може да ја има на кожата, за да може подоцна да се постигне крцкав ефект. Потоа се полни со салфетки за да му даде поголем волумен на пилешкото и да не изгледа толку слабо. Потоа ги затвори дупките со игли, ги закачи крилјата на телото и ги врза нозете заедно. Следно, тој го однесе во рерната, така што ќе почне да има кафеава подлога. Конечно, тој измеша детергент со боја и го обои пилешкото со овој раствор за да постигне светло- златна боја.
*Шлаг заменет со крем за бричење
Некои пијалоци или парчиња торта во комбинација со шлаг се секогаш добра идеја, но се многу расипливи во фрижидер, а замислете што ќе се случи во фото студио. За да се избегне ова лошо искуство, односно да се распадне или да се стопи под светлата на камерата и студиото, еден графички центар препорачува да користите пена за бричење наместо вистински крем, бидејќи визуелно изгледа подобро, а и е потрајно.
*Бојата на бобинките е усовршена со кармин
Боровинките, малините и јагодите се вкусни и привлечни, но во рекламите секогаш изгледаат многу посветли отколку кога ги купуваме во маркет или на пазар. Која е тајната? Ништо повеќе и ништо помалку од кармин не се користи за покривање на бели дамки или какви било несовршености што производот може да ги има.
*Овошјето се прска со вода и глицерин за да изгледа свежо
Колку е посвежо овошјето или зеленчукот, толку поздраво и поапетитивно ќе изгледа. За да се постигне ова, фотографите често мешаат 50% вода и 50% глицерин во шише со спреј и ја нанесуваат смесата на овошјето или зеленчукот. Клучниот момент е во тоа што се капките не испаруваат брзо. Всушност, тие остануваат непроменети додека не ги измиете.