in

Што е катранот што го има во цигарите ?

Dynamite time bomb made of Cigarettes isolated on white

Катранот може да се каже дека е она што е најмногу заслужно за штетните ефекти на цигарите. Бидејќи терминот катран кај цигарите се користи за опишување на низа на супстанци, тоа е најчесто делот од цигарата што ги содржи најтоксичните соединенија. Исто така, тоа е она што формира кафеави или жолти дамки на филтерот од цигарите, но и на нашите заби и прсти.

Катранот значајно допринесува за зголемување на ризикот и појава на разни белодробни заболувања. Цигарата содржи околу 7,000 различни хемикалии, а повеќето од нив се смета дека се наоѓаат токму во катранот. Покрај заболувања на белите дробови, овие токсични соединенија може да предизвикаат и низа на други заболувања – рак, дијабет, срцеви заболувања, импотентност и сл.

Главниот штетен ефект на катранот се смета дека е врз цилиите во дишните патишта. Тоа се тенки структури што потсетуваат на влакненца и се наоѓаат и ги обложуваат трахеите. Тие имаат улога да заробуваат и спречуваат навлегување на загадувачи, но кога тие се оштетени, ваквите загадувачи може да патуваат длабоко во белите дробови. Доколку тие подолго време останат во белите дробови, може да предизвикаат разни заболувања.

Катранот се создава при горењето.

Катранот всушност не е супстанца, туку израз што се користи за да се опише машински измерената тежина на вкупните честички во чадот од цигарите минус водата и никотинот.

Што мислите?

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

5 Причини Зошто е Корисно Пивото

Малата Ники која го освои цел Инстаграм