Месец август го одбележуваме во духот на лубеницата. Доколку ви е на листата омилени работи, тогаш прочитајте 10 факти за ова шарено, летно освежување. Ќе се изненадите!
1. ЛУБЕНИЦАТА ВО ИСТО ВРЕМЕ Е И ОВОШЈЕ И ЗЕЛЕНЧУК
Благодарение на нивниот сладок вкус, лубениците најчесто се сметаат за овошје. Тие всушност растат како овошје, потекнуваат од цвеќиња што ги опрашуваат пчелите, и, од ботаничка перспектива, тие се овошје, бидејќи содржат семки. Но, многу градинари ги сметаат за зеленчук, бидејќи ги одгледуваат во своите градини заедно со други летни зеленчуци како грашок и пченка. Лубеницата е класифицирана како дел од ботаничкото семејство тикви што вклучува и други кулинарски зеленчуци како краставица, тиквица и тиква.
2. МОЖЕ ДА СЕ ЈАДЕ ЦЕЛАТА ЛУБЕНИЦА
Додека ние се фокусираме на сочната внатрешност, корите од лубеница се исто така за јадење, а во исто време и полни со хранливи материи со изненадувачки здравствени придобивки. Во Кина, кората често се пржи или се динста. На Блискиот Исток семето се суши и се пече (слично како семките од тиква) за да се направи лесна ужинка.
3. ПОСТОИ ПРИЧИНА ЗАШТО СЕ НАРЕКУВА ЛУБЕНИЦА
Лубеницата се состои од 92% вода, што ја прави совршено освежување за топлите летни месеци.
4. ПОСТОЈАТ ВО 1200 РАЗЛИЧНИ ВАРИЈАНТИ
За да се олесни класификацијата, лубениците имаат тенденција да бидат групирани во четири главни категории: со семки, без семки, „ледена кутија“ и жолта/портокалова група. Една од најпопуларните сорти е Crimson Sweet, диња со семки со црвен, сладок месаст дел. Некои од поневообичаените сорти го вклучуваат Golden Midget, чија кора станува жолта кога е зрела, и кремот од Cream of Saskatchewan, чиј месаст дел е крем боја.
5. ЛУБЕНИЦИТЕ БЕЗ СЕМКИ НЕ СЕ ГЕНЕТСКИ МОДИФИЦИРАНИ
Спротивно на она што можеби сте го слушнале, лубениците без семки се резултат на хибридизација, совршено природен феномен од кој земјоделците можат да профитираат. Пред неколку децении, лубениците без семки било тешко да се најдат, но денес тие сочинуваат околу 85%. Но што е со белите „семки“ кои се уште ги наоѓаме во дел од парчињата без семки? Тие всушност се празни обвивки од семка и се совршено безбедни за јадење.
6. ЛУБЕНИЦИТЕ МОЖАТ ДА ИЗРАСНАТ МНОГУ ГОЛЕМИ
Најтешката лубеница до сега, ја одгледал Chris Kent, од Sevierville, Tennessee, во 2013 година, со која влегол во Гинисовата Книга на рекорди. Лубеницата од сортата Carolina Cross тежела 159 килограми.
7. ЛУБЕНИЦИТЕ МОЖАТ ДА ПОМОГНАТ ВО СПРЕЧУВАЊЕ НА РАК
Лубениците се одличен извор на ликопен, антиоксиданс, кој се покажал дека го намалува ризикот на неколку видови рак, вклучувајќи рак на простата, белите дробови и стомакот.
8. ФАРМЕРИТЕ ВО ЈАПОНИЈА ИМААТ УСОВРШЕНО УМЕТНОСТ НА РАСТЕЊЕ ЛУБЕНИЦИ ВО РАЗЛИЧНИ ФОРМИ
Изминативе 40 години, во Јапонија земјоделците одгледуваат лубеници во форма на коцка, а овој квадратен облик го добиваат со тоа што ги одгледуваат во кутии со решетки. Кога лубеницата ќе ја исполни коцката, таа генерално се уште не е зрела, што значи дека лубениците што не се јадат се продаваат – по цена од над 100 долари – како новини и подароци. (Првобитната идеја била лубениците да се вклопат во стандардните фрижидери.) Во поново време, земјоделците одгледуваат лубеници во форма на срца, пирамиди и човечки лица.
9. СЕМЕЈСТВОТО ОД ЈУЖНА КАРОЛИНА ЧУВА И ОДРЖУВА НАСЛЕДНА СОРТА СКОРО 100 ГОДИНИ
Невообичаено слаткaта Bradford сорта – создадена од Nathaniel Napoleon Bradford во Sumter County, South Carolina, во 1840-тите години, била една од најпродаваните сорти лубеница. Но, меката корупка го отежнувала транспортот и до почетокот на 1920 -тите се покажала како комерцијално неспремна за понатамошен развој. Оваа сорта ќе исчезнела целосно доколку семејството Bradford не ја одржувало во живот во градината од дворот со генерации. Сега повторно се одгледува комерцијално од Nat Bradford, пра-пра-пра-правнук на Nathaniel.
10. ЛУБЕНИЦАТА Е ОФИЦИЈАЛЕН ДРЖАВЕН ЗЕЛЕНЧУК НА ОКЛАХОМА
Во 2007 година, Сенатот на Оклахома и оддаде почит на тогашна 14-та најголема култура со гласање 44-2 за да се направи државен зеленчук. (Зошто не овошје? Таа разлика веќе била дадена на јагодата.) Овој славен статус бил загрозен во 2015 година, кога државниот сенатор Nathan Dahm дал предлог да се укине законот врз основа на аргументот дека лубеницата е овошје.