in

10 начини на кои свадбените традиции се разликуваат низ светот

Една од неверојатните работи за нашиот свет е како една иста работа или традиција може да се спроведе на толку различен начин во секоја култура. Да го земеме бракот за пример – тој се практикува низ целиот свет, но начинот на кој се слави свадбата варира најразлично меѓу културите. Доколку се мажите/жените за некој од друга земја или пак само присуствувате на свадба во друга дестинација, може да доживеете некои од овие разлики. Се разбира, не сите свадби во секоја земја се исти, и не секој ги следи овие традиции. Во секој случај, секој од нас ја доживува и планира свадбата на еден индивидуален и специјален начин. Во прилог прочитајте дел од традициите по кои се разликуваат свадбите ширум светот.

1. Оставете го накитот и набавете mehndi во Индија

Наместо да носи рачен накит, во Индија е традиционално невестата да поминe часови додека и цртаат mehndi. Покрај фактот што е потребно многу трпеливост, сепак резултатите се прекрасно уметничко дело кое трае околу две недели на кожата на невестата. Интересен податок, е всушност тоа што mehndi се црта на раката на невестата затоа што има лековити својства, кои и помагаат на невестата да го намали стресот на денот на венчавката.

2. Во Куба, мора да платите за да танцувате со невестата

Иако е вообичаено невестата да танцува со многу од гостите, сепак во Куба танцот има своја цена. Секој маж што сака да танцува со невестата, според традицијата треба да закачи пари на нејзиниот фустан. Овој обичај се практикува со цел да им се  помогне на младите да платат за свадбата и медениот месец.

3. Во Германија се тестира силата на двојката – буквално

Додека сè уште ја носат свадбената облека, младенците во Германија понекогаш сечат трупец со пила на половина додека сите гости ја гледаат таа традиција позната како Baumstamm Sägen. Овој обичај симболизира како парот ќе функционира и ќе се справува со пречките во бракот.

4. Гулаби се ослободуваат на Филипините

После свадбената церемонија, младенците на Филипините традиционално пуштаат во воздух два гулаби, еден машки и еден женски. Гулабите го симболизираат хармоничниот живот што им следува на младите.

5. „Плукање“ од таткото, за среќа за луѓето Maasai во Кенија

Ако одите на свадба во Кенија, денот може да заврши со тоа што таткото на невестата ќе ја  „плукне“ невестата за среќа. Надевајќи се дека нема да го поништат бракот, „плукањето“ е со добра намера. За народот Maasai во Кенија, „плукањето“ по некого се смета за чин со кој се покажува почит.

6. Во Кина, традиција е да се изведе церемонија на чај

Свадбите во Кина вклучуваат традиција наменета за поврзување на семејствата заедно. Историски гледано, пред венчавката, невестата служела чај на своето семејство, а после венчавката, парот заедно ја изведувал церемонијата на чај за семејството на младоженецот. Но, денес, церемониите за чај обично се изведуваат во чест на двете семејства. Тие можат да се прават приватно веднаш после свадбата, ден после свадбата, па дури и помеѓу свадбата и приемот на гости. За време на церемонијата, на роднините, вклучувајќи ги бабата и дедото, родителиле, тетките и чичковците, им се сервира чаша чај и секој пие голтка. Откако ќе се напијат, секој од роднините му поклонува на парот lai see, или црвен плик, кој содржи пари, накит или некои други работи, а пликовите се ставаат на послужавникот за чај. Церемонијата е начин на кој невестата и младоженецот покажуваат љубов и благодарност кон нивните роднини кои ги „израснале“ и се грижеле за нив, а кон нивните семејства да споделат посебен момент за да го дадат својот благослов. Исто така, ова е првпат кадешто невестата и младоженецот ќе им се обратат на своите свекор и свекрва или баба и дедо, сега според нивните нови титули.

7. Во Перу, немажените девојки можат да најдат љубов во тортата

Традиционалната перуанска свадбена торта е составена од ленти кои „ѕиркаат“ од страна. Секоја лента е прикачена на амајлија, но има нешто повеќе – лажен венчален прстен. Ако сте немажена девојка, и сте послужена со парче торта во кое се наоѓа амајлијата со прстенот, се смета дека вие сте следна која ќе стапи во брак.

8.На Фиџи, предлогот за брак обично вклучува заб од кит

Идните младоженци ширум светот честопати бараат од таткото на невестата дозвола, за да се оженат со неа. Но на Фиџи, овој чин често вклучува нешто дополнително. Според The New York Times, младоженецот и неговото семејство, честопати му даваат на таткото на невестата табуа или заб од кит кога одат да побараат дозвола. Иако оваа традиција е повеќе честа во во руралните области, сепак таа се практикува насекаде низ Фиџи.

9. Невестата се „киднапира“ во Романија

Во Романија, ако невестата ја нема никаде, тоа не мора да значи дека се предомислила и избегала. Всушност, традиција е невестата да биде „киднапирана“ од пријателите и семејството пред венчавката. За да ја врати невестата, младоженецот треба да плати откуп. Откупот е во форма на купување на пијалоци или прикажување романтични гестови.

10. Во Франција ќе уживате во поинаков вид свадбена торта

Наместо свадбената торта да биде главниот десерт, на повеќето свадби во Франција, ќе ви биде послужена торта која е наречена Croquembouche, која е составена од мали топчиња за пециво наредени едни врз други.

Што мислите?

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

10 неверојатни работи што не сте ги знаеле за човечкото тело

Фотографии од животни што ќе ви го разубават денот!