in

10 неверојатни работи што не сте ги знаеле за човечкото тело

Нашето тело е неверојатно – тоа претставува дом за секоја наша меморија, не носи таму каде што одиме секој ден, и дефинитивно е единствениот постојан наш дом. И покрај тоа што сметате дека можеби знаете да изведете некои трикови со дел од телото, постојат безброј неверојатни факти што не сте ги знаеле и кои сигурно ќе ве воодушеват. Во прилог ви претставуваме дел од нив.

1. За 10 години ќе имате нов скелет

Клетките на вашиот скелетен систем постојано се обновуваат и во просек коските што ги имате сега, ќе бидат целосно обновени за околу една деценија. Како што овој процес почнува да забавува со вашето стареете,  со тоа и на обновата ќе и треба подолго време, предизвикувајќи коските природно да станат потенки.

2. Сабајле сме повисоки отколку навечер

Можеби ова звучи како дел од некоја приказна, но кога ќе се разбудиме наутро, ние всушност сме малку повисоки отколку што сме биле кога сме легнале. Ова се должи на притисокот на кој се изложени зглобовите во текот на целиот ден. Додека ги извршуваме нашите дневни активности, овој притисок предизвикува компресија на ‘рскавицата на ‘рбетот – иако е со мал интензитет, сепак е доволно за да турка сè надолу. Додека се релаксираме додека спиеме, тој го олеснува притисокот врз нашите ‘рбетни дискови, со што ни овозможува да се вратиме во нашата целосна  висина.

3. Децата растат побрзо на лето

Како што расте температурата, така растат и децата. Иако сите ние мислиме дека растот се случува на еден стабилен и постепен начин, д-р Joseph Gigante, вонреден професор по педијатрија во детската болница Vanderbilt  во Nashville, вели дека, како и сè друго во природниот свет, растот може да биде сезонски. Иако не постои добро објаснување за тоа, се чини дека децата сепак растат најбрзо на лето и најбавно на есен.

4. Бебињата немаат капачиња на колената

Сигурно сте помислиле дека нашите капаци на колената се неопходен дел од човечкото тело. Тоа не е случајот со бебињата, бидејќи тие се родени без нив. Наместо тоа, нивната ‘рскавица постепено се претвора во коска, бидејќи осификацијата кај децата започнува на возраст помеѓу две и шест години – и не завршува целосно се до младата зрелост.

5. Нашите коските се посилни од челик

Додека повеќето од нас, во одреден период од животот се соочуваат со скршеница на коска, факт е дека коската е неверојатно тврда материја.  Коската има поголема толеранција на притисок и јачина од челична шипка со иста ширина. Најсилната коска во телото е фемурот, која може да поднесе 30 пати поголема тежина, од онаа на просечниот човек.

6. Стапалата содржат четвртина од коските

Човечките стапала содржат 52 коски (26 на секое стапало). Тоа е скоро една четвртина од сите коски на целото тело! Секое од нив, исто така, содржи 33 зглобови и повеќе од 100 мускули, тетиви и лигаменти. Импресивно зар не?

7. Нема мускули во нашите прсти

Нашите прсти прават безброј важни работи во текот на денот, од отворање тегли до отворање врати. Секое движење што се случува во нашите прсти се должи на тетивите и коските, со голема помош од мускулите на дланките.

8. Половина од силата на раката е во малото прсте

Малото прсте се чини дека е небитно, но  всушност е клучно за силата на раката – помагајќи му на палецот да стисне и давајќи поголема моќ на средниот прст и показалецот. Laurie Rogers, рачен терапевт во National Rehabilitation Hospital во Washington, за The New York Times изјавил дека ако го изгубите малото прсте, тоа би значело исто како да сте изгубиле 50 проценти од силата на раката.

9. Јазикот е единствениот мускул што не спојува две коски

Секој мускул во човечкото тело се поврзува со коските со двата краеви, дозволувајќи му да влече и да создава движење, со еден значаен исклучок: нашиот јазик. На едниот крај, тој е поврзан со хиоидната коска – дел од вратот – но со ништо друго од другата страна.

10. Положба на телото влијае на вашата меморија

Лошото држење на телото не предизвикува само болка во грбот – една статија објавена од Biofeedback во 2012 година открива дека седењето и гледањето надолу го олеснува потсетувањето на негативните спомени, додека седењето исправено и гледањето нагоре овозможува да се потсетите на позитивните, зајакнувачки спомени.

Што мислите?

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Чудни Македонски мистерии и урбани легенди (Дел 1)

10 начини на кои свадбените традиции се разликуваат низ светот