Македонија се наоѓа на Балканскиот полуостров и како што на сите ни е познато беше дел од Југославија се додека не се стекна со својата независност во 1991 година. Таа е земја без излез на море, меѓутоа изобилува со планини, езера, национални паркови и антички градови со османлиска и европска архитектура. Македонија има волшебно минато и комплексна национална суштина, каде што голем дел од земјата допрва треба да се истражува, а во исто време претставува совршена дестинација за туристи кои сакаат да излезат од класичните европски патувања. Ви претставуваме 15 факти за Македонија.
1. Охридското езеро е најстарото и едно од најдлабоките езера во Европа. Се проценува дека е старо околу 4 милиони години и има 200 ендемични видови кои не се пронајдени на ниту едно друго место во светот. Исто така, беше прогласено за светско наследство од УНЕСКО во 1979 година.
2. Главниот град на Македонија, Скопје има население нешто помалку од 700,00 луѓе. Вкупното население на Македонија е нешто повеќе од 2.000.000.
3. Мајка Тереза од Калкута е родена во Скопје.
4. Македонија е единствената земја што добила независност од Југославија без крвопролевање. Се се одвивало на мирен начин за време на војната во Југославија во раните 90-ти.
5. Има повеќе планини и планински врвови од било која друга земја во светот. Македонија има околу 34 планински врвови и повеќето од нив никогаш не се посетени од луѓе.
6. Кирилицата е официјално писмо во Македонија, и се заснова врз азбуката развиена од двајца браќа просветители Македонци во 9 век. Ја предавале нивните ученици во еден манастир во Охрид, и оттаму се проширила низ источно словенскиот свет.
7. Македонија е првата земја во светот со целосен пристап до безжична широко појасна конекција во 2006 година, откако беше дел од високо-технолошки проект.
8. Земјата е стара! Античкото кралство на Македонија датира од 808 година п.н.е. и се вели дека Скопје е старо околу 7.000 години.
9. Има свој јазик – македонски, кој го зборуваат околу 2 милиони луѓе, составен од мнозинството од населението во земјата, плус голем број луѓе во соседните земји.
10. Официјалното име на Македонија во ОН е Северна Република Македонија. Ова е поради долгиот спор што го има земјата со Грција во врска со историјата како поранешно Кралство Македонија. Сепак Владата на Македонија убеди околу 135 земји да ја признаат како Република Македонија.
11. Има своја валута, македонски денар. Нејзиниот напор да се приклучи на ЕУ и да го прифати еврото како валута зависи од подредувањето на проблемот со името со Грција.
12. Александар Македонски, кој бил крал на поранешното Кралство Македонија, бил првиот светски освојувач кој ја проширил својата империја низ Грција и Персија, до Индија и Египет. За тоа време, Кралството Македонија било најмоќната држава во светот, сепак, по неговата смрт, империјата се распаднала.
13.Благодарение на фактот што била дел од Отоманската Империја од 14 век, постојат голем број на значајни џамии, вклучувајќи ја и Шарената Џамија, изградена во 1495 година за која се смета дека е една од највеличествените примери на исламската архитектура во светот.
14. Македонија е земја без излез на море и граничи на север со Косово и Србија, на исток со Бугарија, со Грција на југ и на запад со Албанија.
15. Кокино е една од најстарите опсерватории во светот, признаена од НАСА и датира од 19 век п.н.е.