Нашиот регион е многу убав. Полн е со прекрасни места кои би било убаво да се посетат. Ние ви нудиме неколку предлози каде да отпатувате за продолжен викенд и да се вљубите во оваа убавина што ни ја дава Балканот.
1. Белград
Иако Белград е добро познат и е доста популарен топло Ви го препорачуваме за посета. Градот е полн со знаменитости и има многу што да се види. Многу е блиску до Македонија, така што патувањето до таму не би ве чинело многу. Белград, исто така веќе важи за една од европските престолнини со најдобар ноќен живот.
2. Крка
Хрватскиот национален парк Крка се наоѓа на само неколку километри од Шибеник. Името го добил од реката Крка, која што е дел од оваа бајка на природата. Паркот е познат по огромниот број на езера, водопади и пештери кои нема да ве остават рамнодушни. Посетете го ова место од соништата и верувајте ни дека нема да погрешите.
3. Метеора
Ова магично, духовно место едноставно морате да се посети барем еднаш во животот. Карпите Метеора се наоѓаат веднаш покрај малиот град Каламбаке, на околу 360 километри од Атина. Погледот кон карпите Метеора ќе Ве остави без здив. Високите карпи чија висина стигнува и до 550 метри со манастири на врвовите предизвикуваат вртоглавица. Сигурни сме ова патување ќе Ви остане во сеќавање и дека ќе сакате повторно да се вратите.
4. Мостар
Мостар своето име го добил по чуварите на мостот (mostari) кои во средновековието го чувале Стариот Мост по текот на Неретва. Стариот мост е познат како главен симбол на овој град. Мостот е долг 30 метри и се издига на 20 метри над реката Неретваа.
5. Блед
Блед сигурно е едно од најубавите и најживописните места на кои би можеле да заминете на прошетка. Бледското Езеро во Словенија има кристално чиста вода и магично островче на средината. Вреден за посета секако е и Бледскиот Кањон, издлабен долж Радовна Река.