in

Цеца откри зашто повеќе сака млади машки

Најголемата балканска ѕвезда, Светлана Цеца Ражњатович (46), веќе извесен период е во емотивна врска со згодниот Богдан Срејович (38) од Белград.

Знаејќи дека Цеца ретко открива детали за својот приватен живот, оваа вест направи вистински БУМ на Балканот.

Парот се запознал на роденден кај блиска пријателка на Цеца и после неколкунеделно дружење, Цеца и Богдан започнале љубовна врска. На самиот почеток се криеле од очите на јавноста и се движеле само во кругот на најблиските пријатели, меѓутоа, некаде после Нова година почнаа заедно да се појавуваат во јавноста, за што сведочат многу фотографии. Очигледно е дека и двајцата уживаат во времето поминато заедно, без разлика дали се работи за романтична вечера во ресторан, држење за раце шетајќи низ Белград или едноставно уживање во зимската магија на Јахорина.

Но, кој е всушност Богдан? Богдан е долги години во угостителските води и е многу успешен во својата работа. Од неговото минато, ќе спомнеме дека зад себе има еден неуспешен брак и е разведен скоро 5 години. Неговата ќерќичка Искра е негов центар на светот, а на неговиот инстаграм профил може да се најдат многу нивни заеднички фотографии.

Но која е причината поради која Цеца сака помлади момци? Дел од изјавата во прилог:

,,Со текот на годините, погледот на светот ти се менува, па така се менува и изборот на партнер. Кога си девојка, бараш озбилен и зрел човек. Делува дека си повеќе сакана и заштитена покрај таков партнер…Кога ќе созрееш како жена, бегаш од своите проблеми и не ти требаат дополнително и неговите проблеми. Ти треба нешто што релаксира – значи помлад дечко”

Се согласувате ли и вие со паролата дека млађи је слађи?

Што мислите?

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Славните во улога на тинејџери VS. кога навистина биле тинејџери

Здравко Чолич слави 70ти роденден. Еве што кажуваат за него