in

Ексклузивно: На кафе со новото име на Македонската сцена – Boof

Македонската музичка сцена полека но сигурно се збогатува со нови артисти кои се препознатливи за широката јавност па и надвор од границите на нашата земја. Изгледа трендот на актуелната „трап“ музика инспирира млади артисти да тргнат во потрага по светска слава.

Дел од Македонската „трап“ сцена е и Андреј Велковски познат како „Boof“ кој веќе гради цврст темел во неговата музичка кариера.

Затоа одлучивме да направиме интервју и да го запознаеме подобро.

Пред се, слушнете дел од неговите песни.

Кој е „Boof“ и по што е уникатен?

„Boof е млад артист кој стреми кон голем успех. Има високи цели и е многу посветен и напорно работи за истити да ги оствари. Уникатен е по тоа што пробува да комбинира различен стил на песни.“

Како се реши да се занимаваш со музика?

„Немам некоја преломна точка во мојот живот кога сум почнал да се занимавам со музика. Уште од 7 годишна возраст луѓето околу мене почнаа да го препознаваат мојот талент и желбата за музика. Затоа и тргнав по тој пат и одлучив да се запишам на музичко образование. Сметам дека тоа ми е дар од Господ кој го ценам и го надоградувам до ден денес.“

Како би ја опишал Македонската музичка естрада?

„За Македонската музичка естрада нема нешто многу што да се зборува поради тоа што сеуште не е оформена како во другите земји. Сепак затоа сме ние тука и напорно работиме за еден ден нашиот народ да биде горд и да има со што да се пофали.“

Дали сметаш дека има заработувачка од музика во нашата земја?

„Да, има заработувачка во нашата земја, но за жал мал е бројот на артисти кои заработуваат доволно пари. Се надевам во иднина и јас ќе бидам еден од нив.“

Што мислиш за фактот што луѓе кои никогаш не се занимавале со музика како јутубери или инфлуенсери почнаа да вадат свои песни?

„Според мене, океј е да извадиш песна ако имаш барем некој слух за музика, но сепак мислам дека најдобро е секој да се држи до патот по кој тргнал. Што се одненсува до јутуберите, досега немам сретнато некој што има слух за музика.

Колку и да звучи примамливо да имате своја песна, сепак сметам дека неможе секој да прави песни и не е така едноставно како што изгледа.“

Дали имаш свое хоби надвор од музиката што те исполнува?

„Освен музика, најмногу ме исполнува bodybuilding. Физичката активност во теретана ме релаксира, што ми овозможува да се фокусирам на нови проекти.“

Дали сметаш дека Македонската естрада е далеку позади земјите во регионот во смисла на популарност и зошто?

„Мислам дека сите сме свесни дека сме далеку позади другите земји затоа што кај нашиот народ се раѓа некој чуден феномен кој не знае да цени труд. Многу е тешко да дојдеш до поддршка и кога гледаат дека се трудиш, затоа и сметам дека сме назад и во музиката и во се друго.“

Каде се гледаш себеси за 5 години?

„За 5 години се гледам како дел од најголемите ѕвезди на балканот“

Имаш ли тим позади тебе или сите проекти ги работиш самостојно?

„Секако дека имам тим. Најбитната работа во музиката е да имаш луѓе со кои ќе соработуваш и со кои ќе си помагате едни на други. Многу е тешко да изградиш нешто сам, поготово не кај нас во Македонија.“

„Голем поздрав до VALUTi!

Дали работите на нови проекти и кога може да ги очекуваме?

„Континуирано работиме на нови прокети. Засега имаме доста нови песни кои сеуште не се објавени и гледаме за што повеќе да направиме спот. За брзо ќе извадиме нова песна со наслов „После Тебе“ за која веќе е снимен видено запис и се монтира. Во песната сме јас, Popo, и Emilya.“

„Бидете во тек бидејќи следуваат доста сериозни проекти на кои се надеваме на позитивни резултати.“

Што мислите?

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Евросонг 2021: Дали и што шмркаат Италијанците од масата?

Осетлива содржина
Клик за да видиш објава

Врела акција зад параванот помеѓу Голубович и Кристина Спалевич!