in

Snapchat & Instagram филтри-нов тренд во пластичната хирургија

Треба ли да бидеме загрижени?

Трендот на луѓе кои бараат да изгледаат како филтрирани верзии на самите себеси, создава голем број прашања во врска со етиката на естетската хирургија, влијанието на социјалните мрежи врз практиката и воопшто на стандардите за убавина во нашето општество. На пример, дали е реална употребата како инспирација на филтрирана слика од вас користејќи Snapchat или Instagram? Дали филтрите промовираат дисморфично нарушување на телото и/или нè прават опседнати со совршенство?

Тие убави цветни филтер круни може да имаат негативна страна.

Филтрите на Snapchat и Instagram ја измазнуваат нашата кожа, ги прават усните поголеми и „напумпани“, па дури и ги прават нашите очи да изгледаат поголеми, а сето тоа е во согласност со сегашните стандарди за убавина на западното општество. Сите оние што ги користат овие апликации, запознаени се со видовите филтри –  филтер со кученце или маченце, или некое цвеќе или некој контраст на бои, а сите овие станаа норма на денешницата.

Постојат многу дискусии за тоа како овие апликации и филтри можат да бидат лоши за нашата самодоверба и дали можат да доведат до проблеми како дисморфни нарушувања на телото, нарушување за сликата на сопственото тело, што се карактеризира со постојани и нападни преокупации со некоја замислена или мала несовршеност во некој изглед. Според доктор Matthew Schulman, овластен пластичен хирург од New York City, постојат пациенти кои покажуваат нивна слика со некој филтер, односно му покажуваат како сакаат да изгледаат. Во ваквите нерационални постапки на одредени луѓе се гледа огромното негативно влијание на социјалните медиуми, па оттука дури постои феномен познат како „Snapchat Dysmorphia“. Некои дури тврдат дека филтрите на Snapchat и Instagram нè тераат да заборавиме како всушност изгледаме. Што е многу разочарувачка констатација. 

Renee Engeln, професор по психологија на Northwestern University, и автор на Beauty Sick: How the Cultural Obsession with Appearance Hurts Girls and Women, вели дека постои проблем со губење на перспективата за тоа како навистина изгледаме и дека на овој проблем не му е дадена толку голема важност. Пред деновите на Snapchat и Instagram, фотошопираните фотографии обично биле наменети за познати личности и модели во реклами или списанија, а на сите нас ни беше јасен фактот дека овие фотографии се уредуваат. Но, социјалните медиуми го сменија тоа. Не е доволно да се споредувате себеси со овие совршено уредени слики на модели, па сега ја имате оваа дневна споредба на вашето вистинско „јас“ со ова намерно или ненамерно лажно „јас“ што го презентирате на социјалните мрежи. Тоа е само уште еден начин да се чувствувате помизерно“ додава Engeln. 

Дојдовме до точка каде што луѓето користат филтри како извор на инспирација за потенцијални козметички процедури кои дефинитивно не поминуваат евтино. Поголемиот дел од индивидуите кои подлегнуваат на козметички процедури се жени, што има смисла со оглед на постојаниот притисок што го чувствуваат за да живеат според постојано променливите и понекогаш штетни стандарди за убавина на општеството. Оваа ситуација ги става во многу тесно жените кога се сведоци и мора да се конфронтираат со овој постојан притисок за одреден идеал за убавина, кој потоа ги прави да се чувствуваат засрамени и незадоволни од сопственото тело и убавина. Ваквите постапки во никој случај не се решение, а она кон што сакаат жените да се стремат треба да биде вистинската слика за нив, но остварувањето на тоа станува се потешко.

Пресекот на социјалните медиуми и козметичката хирургија

Порано пациентите барале да го имаат носот на Meghan Markle или усните на Kylie Jenner, а сега тие едноставно им покажуваат на своите пластични хирурзи филтрирано селфи. Секој во основа си користи свој филтер и се одлучува на следен чекор каде велат вака сакам да изгледам – вели Schulman. Не одат сите толку далеку, но во нивните глави, тоа е посакуваниот изглед, без разлика дали сакаат понежна кожа, поотворени очи, поголеми усни. Меѓу најпопуларните филтри се оние што ја измазнуваат кожата или ги замаглуваат несовршености. Луѓето го користат тоа како пример за тоа како сакаат да изгледа нивната кожа, што во основа значи дека сакаат да се ослободат од неправилната пигментација и сакаат да ги омекнат  линиите и брчките. Пациентите исто ги користат филтрите како инспирација, пример за да ги направат очите да изгледаат поголеми, според  Schulman, за тоа потребна е операција на очните капаци или инекции со ботокс. Друг пример е усните да изгледаат поцелосно, „понапумпани“ односно тие бараат филери за усни. Генерално, луѓето се грижат за големина на нивните пори и текстурата и бојата на кожата – тоа се работите на кои филтрите најмногу го ставаат фокусот. 

Обидот да се постигне мазна, младешка кожа без дамки не е нов концепт и овие филтри само ги рефлектираат стандардите што се веќе поставени.Тие не ја менуваат содржината на нашите стандарди за убавина, тие едноставно ја прават сликата пошироко достапна.

Од една страна, некои хирурзи претпочитаат пациентот да донесе негова/нејзина слика со филтер врз база на која сака да биде операцијата, отколку само да побара да се ископира некоја позната личност. Ова е поради тоа што барем основата е самиот пациент. Од друга страна пак,Yagoda вели дека постојат и други начини на кои пациентите можат да опишат што сакаат. Не е толку лошо да се користат фотографии, за да се пренесе чувството за естетика затоа што не постои никој кој е убав за секого. Една од најважните работи што треба да се имаат во предвид кога размислувате за каква било козметичка процедура, е да мислите реално. Постапка што дала одредени позитивни резултати кај една личност можеби нема да ги има истите резултати за вас. Покрај тоа, како што објасни Schulman, естетската хирургија не гарантира промена во животот.Тој исто така посочува дека одбива околу 25% од луѓето кои доаѓаат да го консултираат за пластична хирургија, поради различни причини. Дел од од причините се тоа што треба да сфати дали тоа што го бараат е изводливо и безбедно, а најтешката причина е таа што треба да сфати дали тоа го прават од вистинските причини.

Кое е Вашето мислење за оваа тема?

Што мислите?

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Интервју за најтешката работа…дали би аплицирале?

Предлог филмови за месец Август