in

ТОП 5 ЛЕТНИ ДЕСТИНАЦИИ ЗА ОВА ЛЕТО

1. Санторини, Грција

Најромантичниот остров на светот, кој ќе ве остави без здив. Симболот на грчкиот туризам, а препознатлив по куќичките од бел камен со плави покриви е едно од најромантични дестинации во светот.

2. Ибица, Шпанија

Барем еднаш во животот мора да ја посетите Ибица. Ова е најпознатото место во Шпанија каде забавата трае до раните утрински часови. Ибица е една од најпопуларните дестинации, каде што младите во сè поголем број ја посетуваат.

3. Зрче, Хрватска

Балканската Ибица! Овде забавата не застанува. Плажите во Зрче се едни од најпознатите во Европа, каде комбинацијата од кристално чистото море и рајското опкружување плус луда забава е нешто што секој би го посакал.

4. Кушадаси, Турција

Кушадаси е една од најпопуларните туристички дестинации во Турција, која се наоѓа на егејското море, па во текот на летниот период овај град е посетен од голем број туристи. Во стариот дел на Кушадаси доминираат помирните места- помали и поинтимни кафе-барови, а во другиот дел наречен Bar Street се наоѓаат сите ноќни клубови, барови и дискотеки за млади кои нудат забава до раните утрински часови.

5. Будва, Црна Гора

Едно од најпознатите туристички места во Црна Гора, убави плажи и исполнет ноќен живот. Одлични отворени и затворени дискотеки, како и барови на плажа, оваа дестинација е една од најпопуларните за младите.

Што мислите?

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

5 места на Балканот кои морате да ги посетите

Чудни Македонски мистерии и урбани легенди (Дел 1)