in

Видео за животот што ќе ве подзамисли

„Ова се приближно 28.835 желе бонбончиња“,почнува да раскажува гласот на нараторот во видеото со наслов „Времето што го имате“. ” Во овој куп од желе бонбончиња, секое бонбонче претставува ден од животот на просечниот човек. Некои луѓе ќе имаат повеќе бонбончиња во својот живот, некои помалку, но во просек ова е времето што го имаме.”

Видеото продолжува со разложување на купот од желе бонбончиња во помали групи, пресметувајќи ги активностите со кои сите обично се занимаваме секој ден, секоја недела или година од нашиот живот.

Во просек, вели, дека спиеме 8.477 дена, за процесот на јадење, пиење или подготовка на храна користиме 1.635 дена. Ја работиме работата која што ја сакаме или пак работата што ја работиме бидејќи мораме вкупно 3.202 дена, а 1.099 дена поминуваме патувајќи од едно до друго место.

Гледаме телевизија 2.677 дена, 1.576 дена поминуваме во извршување на домашни обврски, се грижиме за миленичињата, пазаруваме.  671 ден, од нашите животи се резервирани за бањање, чешлање и „сите други активности поврзани со одржување на личната хигиена“.

Се грижиме за другите, како нашите пријатели, семејството во просек  564 дена.

„Откако ќе ги искористиме и тргнеме сите желе бонбончиња, ова е времето што останува… Што ќе правите со него овој пат? Колку од времето мислите дека веќе сте потрошиле? А доколку имате само половина од тоа, што би направиле поинаку? Што е со случајот ако имате половина и од тоа? Колку време досега сте потрошиле грижејќи се за нешто, наместо да уживате во нешто што навистина го сакате? Што ќе се случи ако имате само уште еден ден? Што ќе направите денес? ”

Ова е само дел од приказната на видеото кое сакавме да го споделиме со сите Вас. Видео кое навистина ќе не замисли сите и ќе не научи дека во животот треба да уживаме, да се сакаме, почитуваме и помагаме.

Во прилог погледнете го целосното видеото во кое креаторот користи желе бонбончиња со чија што помош на уникатен начин ни демонстрира како еден просечен човек го поминува својот живот. Каков впечаток ви остави на вас ова видео? Каква порака извлековте вие? Пишете ни ги вашите коментари..

Што мислите?

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Очекување наспроти реалност: 10 смешни онлајн купувања

На кого му стои подобро? (КВИЗ)