in

Здравко Чолич слави 70ти роденден. Еве што кажуваат за него

Легендарниот пејач Здравко Чолич денес го прославува својот 70ти роденден, во кругот на своето семејство.

Неприкосновената ѕвезда од стара Југославија е роден на 30.05.1951 во Сараево. Татко му Владимир работел како командир во полиција, а мајка му Стана била домаќинка. Чолич има една од најдолгите кариери на Балканот, која ја красеа прекрасни песни, албуми и само пофални зборови од неговите колеги и од публиката. 

Неговите комшии не го кријат задоволството што живеат толку блиску до легендарниот пејач. Погледнете што кажаа тие за Чолич.

“Здравко отсекогаш бил скромен и приземен. Никогаш не се однесувал како ѕвезда, туку како еден обичен човек, господин. Од ист крај сме и често го среќаваме на улица, во парковите и на игралиштата заедно со својата ќерка Лара. Девојчето е многу паметно и убаво воспитано и по тоа се приметува дека Здравко е посветен и одличен родител. Едноставно можете да забележите дека Здравко ужива да се дружи со неа” – зборува еден од неговите соседи.

Што мислите?

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Цеца откри зашто повеќе сака млади машки

Нова македонска пејачка ја погреши химната!